Skip to main content

25 години успешна охридска приказна

Поликлиничкиот центар Стоматологија Д-р Јолевски одбележа јубилеј достоен за почит. Семеен бизнис кој 25 години успешно опстојува и постојано технички  технилошки се усовршува.

 |  Николоска Биљана  | 
jolevski
јолевски

jolevskiПоликлиничкиот центар Стоматологија Д-р Јолевски претставува една успешна охридска приказна. Денес со пригодна свеченост овој центар одбележа 25 годишен јубилеј. Во текот на целиот период успеавме да се промовираме како една врвна медицинска установа во Охрид, вели д-р Љубе Јолевски, сопственикот на Поликлиничкиот центар.

„Денес одбележуваме 25 години од основањето на нашата стоматолошка ординација која ја основаа моите родители на 01 март 1989 година и отогаш пополека и континуирано се прошируваме. Денес ординацијата брои 8 вработени од кои 4 се доктори и 4 сестри ги следиме најновите  технолошки технички достигнувања во Европа и во светот. Покрај тоа вложуваме најповеќе во човековите ресурси“– вели д-р Јолевски.

Приореитет во работата на стоматолошкиот центар е постојано да ги следи модерните светски трендови од техничко технолошки аспект, но посветува внимание и на медицинскиот тим кој работи за него, потенцира д-р Јолевски.

jolevski„Нашите вработени постојано и континуирано се едуцираат во земјата и во странство ги посетуваме курсевирте и семинарите. Покрај клиничката работа во нашата ординација ние пишуваме и објавуваме стручни и научни трудови во земјата и странство имаме објавено преку 20 трудови на Европски конгреси значи не само пасивно туку и активно работиме на овие конгреси“.

Горд сум што мојот син тргна по моите стапки вели основачот на Поликлиничкиот центар Мирослав Јолевски. Додава дека со голем труд се постигнуваат големи успеси и верува дека нивниот семеен бизнис ќе продолжи и понатаму.

Многу  полесно се работи а и синот се опремува технички технолошки многу убаво така да оди во чекор со науката и успесите му се многу големи јас лично како родител и долгогодишен искусен стоматолог се гордеам со него

На свеченоста присуствуваа голем број на гости, пред се еминентни здравствени работници од градов и пошироко. Инаку Поликлиничкиот центар работи и како општа и како специјалистичка ординација. Поседува современа апаратура, дигитален рендген, ласер за орални хируршки интервенции на непца како идруга современа опрема.

{loadposition content9}