26 прекршоци на подрачјето на СВР Охрид од страна на возачи на електрични тротинети

На 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.
При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети, информираат од МВР.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи, а во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид, посочуваат од министерството.




