Skip to main content

Свр охрид

27 куршуми пронајдени во домот на охриѓанец

Приведен е 37-годишен охриѓанец. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 12.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР го лишиле од слобода Ј.Ѓ.(37) од Охрид. 

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.