Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” со 3 медали од“Бугарија Опен 2018”
Викендов во Пловдив соседна Бугарија се одржа најјакиот меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ турнир, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од над 60 клубови од 15 земји ширум Европа и тоа Македонија, Бугарија,Србија, БиХ,Словенија, Грција, Австрија, Молдавија, Романија, Чешка, Украина, Велс, Естонија, Хрватска и Англија.

Слободно може да се рече дека по квалитетот на натпреварувачите и посетеноста беше на рамниште на Европско првенство.
Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” учество зеде и нашиот најдобар клуб од Македонија ,Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, кој настапи во скратен состав со 8 натпреварувачи.
На овај турнир многу натпреварувачи бркаа критериум за учетво на Европско, но за жал победија судиите. Ќе го паметиме овај турнир по огромната пристрасност како на Грчките така и на Бугарските судии кои им помогнаа на своите натпреварувачи да исполнат критериуми на штета на другите држави, свето незадоволство го изразија повеќето држави.
Но и покрај огромната пристарасност на судиите успеавме тешко да заработиме 3 медали:
1 сребрен , кој го освои Филип Трифуноски во категорија -65 кадети 12-13 години, кој во финале бече оштетен од судиите и за малку не исполна критеиум за учество на Европско, 2 бронзени медали, кој ги освои Елена Јанеска борби во категорија женски кадети 12-13 години, и форми за жолт појас женски кадети 12-13 години, на Елена и фалеше златен медал во борби за да учествува на Европско но судиите ја победија и неа во полуфинале.