Skip to main content

Се е подготвено за 31то издание на Меѓународниот атлетски маратон

Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на независноста на Република Македонија.

 |   | 

Во тек е пријавувањето на учесниците за претстојното 31-во издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Подогтовките се пред самиот крај. Рокот за пријавување истекува на 25-ти август, а досега се пријавени околу седумдесет учесници. Пријавувањето за трките е на веб страната www.smartrace.club, а котизацијата изнесува 600 денари за маратонската трка и 400 денари за трката на 5 км. Претседателот на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“ Пецо Неданов вели дека радува фактот што годинава е зголемен бројот на пријавени женски учесници за маратонот. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 најавува дека оваа година за прв пат ќе се организира и првата трка за независност долж кејот на Охридско Езеро, на која се очекува учество да земат учесници рекреативци од земјава и странство.

„Покрај маратонската трка ќе имаме и „Прва трка на независноста“, така ја крстивме, рекреативна трка на 5 км, која стартува и завршува каде е фиништот на маратонот, пред Центарот за култура „Григор Прличев“.Ќе се трча према плоштадот, према поштата па до крај на улицата „Партизанска“ отука до вртењето за Рача, се враќаат назад и ќе биде пристигнѕвањето на истото место каде е стартот“ вели, Пецо Неданов – Претседател на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“.

Стартот на маратонската трка пак, ќе биде од граничниот столб во Свети Наум во 09,00 часот, а првите маратонци на градскиот кеј се очекувва да пристигнат околу 10.30. За победниците следуваат парични награди, во висина од 700, 300 и 200 евра во денараска против вредност.

„Технички сме секоја година истата екипа и сме спремни и ги знаеме сите работи, но како и секоја години кубуриме со финансии. Потребни се повеќе средства за повисок награден фонд за да привлечиме маратонци од странство. Фондот годинава е 700, 300 и 200 евра во денараска против вредност, но треба да имаме барем 1000 евра.Годинава добивме поддршка од општината, предмалку ме известија дека ќе ни бидат одобрени средства сеуште не го знам износто, но во секој случај добредојдена е секоја помош“ Пецо Неданов – Претседател на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“.

Минатата година беше собороен рекордот стар 23 години од страна на кениецот Абел Кибелт Роб. Новиот рекорд е 1:34:58 во машка конкуренција. Во женска конкуренција рекордот го држи Ребека Џепширшир Корир (1:48:12) постигнат на маратонското издание во 2015-та година.

Атлетскиот маратон во Охрид се одржува од 1976 година, а се до 1993 година се организираше на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година на 8 септември по повод Денот на осамостојувањето на Република Македонија.