Министерството за внатрешни работи спроведува зајакнати акциски контроли на целата територијата на Македонија за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат при што санкционирани се 134 возачи. Од нив, 45 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово.
„На 10.07.2023 од 07.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 45 возачи кои на непрегледни места и онаму каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле непрописно престигнување на други моторни возила (Охрид-32, Струга-07, Кичево-05, Дебар-01). Ним, издадени им се соодветни платни налози.„ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Паричните глоби, зависно од тоа каде и како е извршено престигнувањето, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. За некои од прекршителите следува и времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, посебно за оние кои престигнувале на „полна линија”, во колона и слично.