Летот 110 Авиоимпекс бил редовен меѓународен патнички лет, управуван од Авиоимпекс, кој се урна на 20 ноември 1993 година, додека летал од Женева кон Скопје. Пред катастрофата, летот 110 бил пренасочен од меѓународниот аеродром во Скопје до аеродромот во Охрид поради снежна бура во Скопје. Авионот, Јаковлев Јак-42, превезувал 108 патници и осум членови на екипажот, и се срушил на околу 7 километри (3,3 милји) источно од аеродромот во Охрид. Како резултат на несреќата загинаа сите 116 лица кои се наоѓаа во авионот. Еден патник по несреќата живеел единаесет дена, но им подлегнал на повредите.
Летот 110 останува најсмртоносната авионска катастрофа што некогаш се случила во Македонија. Јазичната бариера на екипажот е една од причините за оваа несреќа.
Тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија Антони Пешев си поднесе оставка од морални причини.