Skip to main content

свр охрид

33 полициски кадети добија договори за вработувања во СВР Охрид

Тие, во наредниве шест месеци, во рамките на нивниот приправнички стаж, ќе извршуваат одредени полициски задачи во повеќе организациони единици, на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

На пригодна свеченост, денеска во СВР Охрид, 33 полициски кадети, добија договор за вработување за работно место „полицаец приправник”. Тие, во наредниве шест месеци, во рамките на нивниот приправнички стаж, ќе извршуваат одредени полициски задачи во повеќе организациони единици, на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. На свеченоста, на новите полицајци им се обрати началникот Игор Смилески кој, им посака успешно, посветено, законско и чесно полициско работење. Се работи за генерацијата полициски кадети кои беа дел од генерацијата на кандидати за полицајци 2023/2024 година, се вели во соопштението од СВР Охрид.