Skip to main content

Свр охрид

331 парче пиротехнички средства пронајдени кај охриѓанка

Кривична пријава против 45-годишна охриѓанка. При претрес во нејзиниот дом, полицијата пронајде и одзеде 331 парче пиротехнички средства.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.(45) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 331 парче пиротехнички средства – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.