34-тата седница, закажана во „5 до 12“, се одржа без советниците од СДСМ и коaлицијата
Експресно триесет и четврто заседавање на Советот на Општина Охрид со реабаланс на буџет на дневен ред. Седницата закажана во „5 до 12“ се одржа без советниците од СДСМ и коaлицијата кои ја напуштија салата. Причина е, како што велат, грубото кршење на Деловникот за работа на Советот и Статутот на Општина Охрид. Имено, согласно Статутот на Општина Охрид, Советот работи на редовни седници и кога налага потребата може да бидат одржани свечени и вонредни седници, вели координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска. За одржување на редовните седници, денот часот и местото на одржување на седницата треба да биде доставен и објавен во еден од локалните средства за јавно информирање во рок од 7 дена пред денот на одржувањето на седницата. Тој рок е задолжителен за доставување на предлог дневниот ред и материјалите за седницата и за советниците на Општина Охрид. Вонредните седници, според статусот се одржуваат по прашања што се од значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните и според вонредни околности, – вели Англоска.
„За седницата бевме известени во текот на минатиот ден, а како точка на девен ред беа точки за ребаланс на буџетот кои во никој случај не се точки по прашања за безбедноста и сигурноста на граѓаните ниту вонредна околност. И покрај тоа што како советничка група секогаш сме за дискусија и за разменување на мислења и соочувања со факти, меѓутоа наша основна должност и обврска како советнци е да го почитуваме деловникот за работа и Статутот. Токму поради тоа ја напуштивме оваа седница“ – изјави за ТВМ , Ангелоска.
Ангелоска потенцира дека за Буџетот како најважен акт кој Советот го носи, мора да се дискутира и сериозно да му се обрне внимание. Ребаланс му правиме речиси на секоја втора седница и несериозно е она што се кратело на претходната седница сега да се надполнува и повторно истото, посочува советничката.
Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, пак, вели дека ребаланс се врши поради проблеми со извршување на средства, по основ на изврши судиски решенија и како и поради зголемениот прилив на средства во општинскиот буџет, кој е последицица на измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за зголемување на нивната финансиска стабилност и сигурност.
Итноста е, да се стигне до реализација над 75%, што пак ќе дозволи законско проширување на општинскиот буџет за 10% до Нова година со барање проследено до Министерството за финансии, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари, вели секретарот.
„Итноста на оваа седница се наложува покрај фактот што иако стручните служби во Општина Охрид во претходните денови имаа сознанија за состојбата, се чекаше известување од Министерството за финансии, кое стигна на 10 Октомври, и оваа седница беше закажана за денес со цел ребалансот да се направи што побрзо, бидејќи секојдневно имаме приливи на нови средства, да не дојдеме и покрај направен ребаланс да не можеме истите средства да ги искористиме. Новите средства во висина од 10% кои ни се дадени на располгање, пред се се користат за плакање на доверителите кои извршуваат тековни градежни активности во Општина Охрид.“- изјави за ТВМ, Китески.
Китески посочува дека приливот на средства во општинската каса од продажба на државно земјиште од Министерството за транспорт и врски, кој всушност и ги предизвика овие тектонски пореметувања во реализацијата на програмите и самиот буџет, има и позитивна страна, бидејќи очекувањата се 2024 година Општина охрид конечно да ја дочека и одблокираната сметка