УХМР
До 34 степени во Охрид, од четврток нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Температурите во Охрид од 18 до 34 степени Целзиусови.

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Денес и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и во петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.
Температурите во Охрид од 18 до 34 степени Целзиусови.
Фото: Ѓоко Симјаноски







