Skip to main content

СВР Охрид

37 годишен охриѓанец доби кривична за нелегално поседување оружје

При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар.
 |  инфодеск  | 
муниција пиштол

На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

„При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.“- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

фото: илустрација