Skip to main content

Дебрца

39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024“

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
 |  инфодеск  | 
likovna kolonija debrca

Во сабота, на 22 Јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија.

-Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година, и истата е реновирана изминатата година со што се створени подобри услови за работа, велат од здружението. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 11 ликовни уметници од Македонија: Маестро Јордан Манасиески, Лара Ташковска, Андреј Антевски, Славица Танеска и Емел Махмуд. На свеченоста ќе присуствуваат и неколку странски автори: Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголски конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 30 ти овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

-Оваа културна лулка на децениско предание е подржана од визионерски тим кој се состои од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци кои се залагаат за издигнување на веќе отпочнатато дело. Претходната година беше малку поразлична, бидејќи недостасуваше еден креативист, професор, кој со огромна верба го преточуваше во производ секое свое мечтаење и ја ширење со ентузијазам уметничката традиција на својот роден крај, Ѓорѓија Целески. Но неговиот 38 годишен труд остана да го негува член на неговото семејство, неговата внука, архитект Мартина Целеска, претседател на здружението, додека за председател на Управниот одбор на здружението го назначи г-дин Павел Попоски, се додава во соопштението од Уметничка колонија „Дебрца 2024“.

За сите посетители организаторите имаат организирано бесплатен превоз. Подетални информации на бројот 075/ 272-717.