Општинските основни училишта “Св.Наум Охридски”, “Григор Прличев”, “Кочо Рацин” и ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, се добитници на високото признание што го доделува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за периодот 2025/2026 година.
-Училиштето ја доби оваа значајна награда како признание за доследната и јасна посветеност кон вредностите на eTwinning програмата. Под водство на наставниците Љупчо Балески, Јорданка Недеска Симиџиоска, Билјана Божиноска и Ирина Димзова Треневска, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ активно применува дигитални и креативни алатки за унапредување на наставниот процес и образовните резултати на учениците. Покрај тоа, оваа награда ги признава и напорите на училиштето во промовирањето на континуираниот професионален развој на наставниот персонал, со цел постојано унапредување и ажурирање на нивните вештини во корист на учениците, велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

