Skip to main content

Општина Охрид

400 жардиниери со саксиско цвеќе ќе подели општината како дел од проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Радојца Новичиќ“, „130“ и „28-ми април“.
 |  инфодеск  | 
Цветни балкони - Цветен Охрид

Како дел од активностите за одбележување на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, Општина Охрид традиционално и годинава, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Радојца Новичиќ“, „130“ и „28-ми април“.

Акцијата ќе се реализира во среда и четврток, на 5-ти и 6-ти јуни 2024 година.

– Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ во Охрид, во среда и четврток, на 5-ти и 6-ти јуни 2024 година, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење, информираат од Општина Охрид