На 13 март 2026 година, во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена 41-годишна жена од Охрид.
– Од преземените мерки, констатирано е дека жената повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје. СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот, информираат од Секторот.