Skip to main content

УХМР

4,6 литри дожд на метар квадратен во Охрид во изминатите 24 часа

Дожд, снег и пад на температурите: Охрид најпогоден од врнежи
 |  инфодеск  | 

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) информираат дека во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 4,6 литри на метар квадратен, најмногу во државата.

Како што информираат од УХМР, времето денес ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5 степени.

Утре ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од УХМР додаваат дека од вторник следува период на стабилно и суво време.