50 години од катастрофалниот земјотрес кој го разурна Скопје
Скопјани се сеќаваат на кобното утро, во кое се разурна градот.
Беше мугра. Одеднаш се слушна силно мјаукање на мачки, лаеж на кучиња, а страотни крикови на животни се слушаа дури и од Зоолошката градина. Јата птици во хаотичен лет одлетаа од покривите…На улицата се појави наезда на стаорци кои бегаа од подрумите на сите страни. Веднаш потоа завладеа страшна, злокобна тишина. А по неа, силен татнеж. Облак од густ прав ја покри улицата. Кога правот се сталожи, видов дека се е претворено во пепел.” Ова е само едно од сведоштвата за катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.
А по земјотресот од сите страни почна да доаѓа помош. Меѓу првите кои пристапиле да помогнат биле охриѓани. Димитрија Митревски е човекот на кого му биле доверени 60 тината охриѓани главно секој стручњак во својата област одбрани од тогашните гигански охридски фирми како Застава, Емо, Братство, стамбена задруга Иднина…
„Тргневме веднаш штом разбравме за тоа што се случило, не ни кажавме дома. Се качивме во автобус и заминавме„, раскажува Митрески.
Кога стигнале во Скопје најпрво се пријавиле во штабот во Кисела Вода, каде одговорен бил познатиот инжињер кој го изведуваше хотелот Палас, Димитрија Симонче.
„Веднаш се распределивме и пристапивме да помагаме, но морам да признам дека ни беше страв, затоа што тресеше цело време. Но, не се штедевме. Работевме на кејот Маршал Тито од железничка станица до Плоштадот кај што е сега споменикот на мајка Тереза“, раскажува Митрески.
„Тука долу беа дуќани, а горе станови. Најмногу наоѓавме погинати. Еден дечко ни рекоа дека се вика Зоран , како што го отворил шифоњерот беше по шорцови со си него беше слезен долу неколку спратови. Тука бевме подолго време … а после свикаа да одиме на 11 октомври кај некои стамбени блокови од железара“, вели раководителот на охридската група Димитрија Митрески.
Митрески вели дека сеќавањата од она што го видел во 9 те дена колку што бил во Скопје, никогаш нема да избледнат. Пискотниците и лелеците и денеска како да ги слуша. Додава дека најголема среќа било кога од под урнатините ќе извлечеле негого жив.
„Глетката беше многу лоша. Ама кога ќе дојде нема што да се прави. Имаше и случаи кога извадивме и живи. Најопасно беше по степениците. Тука се стварала најмногу гужва секој гледа да избега. Инаку организирано беше добро. Па нагло почнаа да доаѓа помош од сите градови од цела Југославија. И Тито дојде ние таму бевме, но немавме пристап. Тој дојде лично да ги види проблемите“, рескажува Митрески.
Денеска навршуваат точно 50 години од катастрофалниот земјотерес кој го разурна Скопје до темел. Девет степени беа измерени тогаш на меркалиевата скала. Тогаш загинаа 1.070 граѓани, повеќе од 4.000 беа повредени, целосно беа урнати 15.800 станови, а 28.000 оштетени. Земјата тој ден се тресеше 122 пати или уште 411 до крајот на годината. Речиси 90 држави испратија помош за граѓаните на Скопје, помогнаа во неговата изградба и го потврдија значењето на солидарноста, која му стана второ име на градот.
Сведок за тоа кобно утро е часовникот на старата железничка станица во Скопје кој застана на 5 часот и 17 минути. Тоа и денеска е симбол на еден нов почесток, на една нова изградба на главниот град на Македонија која сеуште трае.
{loadposition content9}