50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“
Кревети, постелнини, сталаци за инфузија, масички за јадење за пациентите. Ова се само дел од средствата кои ги обезбеди културното друштво „Октиси 2009“ од Сент Гален-Швајцарија.
Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии.
Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален од Швајцарија. Од друштвото велат дека донираните кревети и медицинска опрема се обезбедени благодарение на добрите односи со поголем број здравствени установи од Швајцарија.
Целта на донацијата, како што велат тие е да се подобрат условите на пациентите во охридскиот и струшкиот регион.
{loadposition content9}