Чист охрид
50 вреќи ѓубре собрани од Извидничкиот центар
Најмалку 50 вреќи ѓубре собраа околу 80 извидници од 23 европски земји, заедно со активисти од „Чист Охрид“.
Околу 80 извидници од 23 европски земји, заедно со „Чист Охрид“ го исчистија просторот околу Извидничкиот центар. Во акцијата опфатена е реката Коселска, како и плажите во околината.
Собрани се најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.

Пред извидниците и активистите говор одржа Катерина Василевска од „Охрид СОС” за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.
Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Ден на планетата Земја – велат од „Чист Охрид“.





