Над 500 коледарчиња на годинешната Бадникова поворка
Повеќе од 500 коледарчиња ќе земат учество во годинешната 6та по ред Бадникова поворка во Охрид. Годинава на охридските бадникари ќе им се приклучат и поворки од Велгошти и од општина Дебрца, најавуваат организаторите.

Во чест на големиот христијански празник Божик, на градскиот плоштад поставена e макетата на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица. При крај се подготовките за традиционалната Бадникова поворка која годинава ќе се одржи по шести пат.Поворката ќе се одржи во сабота, 6-ти јануари, во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид.
Учество ќе земат ок
олу 500 деца. Почетокот ќе биде во 11 часот од црквата „Св. Ѓорѓи“. Коледарчињата пеејќи ја Вечниот Бог ќе се движат по улиците „Јане Сандански“ и Булевар Туристичка, поворката ќе продолжи по улицата Македонски просветители “ и околу 12 часот и 30 минути се очекува да пристигне на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Костантин Георгиески на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско.
Оваа година кон големата Бадникова поворка ќе се приклучат поворки од селото Велгошти и општина Дебрца за што поторжествено да го прославиме Христовото раѓање, информираат организаторите. Во недела на Бадник-Коледаќе има света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. На 7-ми јануари, Рождество Христово Божик, понеделник, света архиерејска василиева литургија ќе се одржи во црквата „Св.Георги“ во Охрид со почеток во 08:45 часот. Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот, информираат од Дебарско кичевската епархија