500 жардинери со цвеќе за “Цветен Охрид“
Општина Охрид на 1-ви и 2-ри Јуни, од 10 до 13 часот, на локацијата помеѓу Трговскиот Центар „Амам“ и Комплексот „Летница“, ќе подели 500 жардиниери со саксиско цвеќе…
| | Охрид
цвеќе
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“, во која ќе бидат опфатени повеќе активности .Целта на организирањето на оваа недела на животната средина е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштитата на животната средина.
Во рамките на овој проект Општина Охрид на 1-ви и 2-ри Јуни, од 10 до 13 часот, на локацијата помеѓу Трговскиот Центар „Амам“ и Комплексот „Летница“, ќе подели 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите од централното градско подрачје, кои живеат во стариот дел на градот, како и на жителите од улиците:
„Кеј Маршал Тито“, „Македонски Просветители“, „Гоце Делчев“ (од првиот чинар на плоштадот до вториот чинар), „Даме Груев“ (од ул.Македонски Просветители до пресекот со бул.Туристичка) и бул.Туристичка (од Охридска Банка до Маркет „Макси Д“ ).
Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација.
{loadposition content9}