Skip to main content

52-годишен охриѓанец тешко повреден при градежни работи

52-годишен жител на Охрид се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 23.09.2026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди пренеле 52 годишен маж од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Охрид и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.