Skip to main content

57 одличја за 57 охридски бреинобреин генијалци

Овој фантастичен успех постигнат на шестиот Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар е само потврда дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид,  е најјуспешен во Македонија.

 |   | 

Овој фантастичен успех постигнат на шестиот Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар е само потврда дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид,  е најјуспешен во Македонија. Најдобриот резултат на овој национален натпревар го постигна ученик од охридскиот центар.
 
Целосна доминација на БОБ центарот од Охрид на шестиот  Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар кој викендов се одржа во Скопје. Наум Цветкоски е еден од 57-те генијалци кои од националниот натпревар се вратија се одличје и желба за уште поголеми успеси.  Наум вели, кога секојдневно се работи, успехот е неминовен.
 
„Ова ми е четврти натпревар по ред и досега имам освоено три трофеи и еден медал. Се чувствувам многу среќен. Брат сум на Деан Цветкоски кој е најдобар во Македонија и тој  е малку срамежлив па јас излегов да кажам за него“, вели Наум Цветкоски – Бреинобреин.
 
Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најјуспешен во Македонија. Во конкуренција од 336 натпреварувачи од 19 центри во Македонија, сите се закитија со одличја, од кои 32 трофеи, 14 златни медаљи и 11 сребрени медаљи. Овој успех е резултат на тимска работа, вели Сашо Точков претседател на О.О. На Црвениот Крст од Охрид.
 
„Вложуваме големи напори, се посветуваме на децата и на родителите секако да ги мотивираат децата да работат по Бреинобреин програмата, а резултатите ги гледате и сами, тие се евидентни вака на натпреварите но и во самите средини, во училиштата и меѓу своите другарчиња кои овие мали генијалци ги покажуваат“, објаснува Сашо Точков – Претседател О.О. Црвен Крст – Охрид.
 
На националниот натпревар, присутен беше Ананд Субраманиан, еден од оснивачите на Бреинобреин детската едукантивна програма,  која во светот се смета за една од најдобрите, како и жената која истата ја донесе во македонија Клаудија Воргич од Хрватска, кажува Валентина Кузманоска  Координатор и инструктор БОБ. Кузманоска откри дека најдобрите генијалци ги чека едно убаво изненадување.  
 
„Нашите деца имаат ексклузивна можност да посетуваат натпревари во Македонија , а децата кои ја посетуваат програмата и се на едно повисоко ниво 9,10-то ниво, еве сега најавувам со децата кои се 10-то ниво, десет од нив ќе бидат дел од интернационалниот натпревар во Дубаи“, кажува Валентина Кузманоска – Координатор и инструктор БОБ.
 
Натпреварот се состои од два дела- три минутно решавање на тест со помош на ментален абакус и математичка сметалка и демо презентации. Колку порано се започне со посетување на оваа едикативна програма толку подобро, објаснува Христина Кузманоска – тренер инструктор во БОБ.
 
„Најмалите дечиња коишто оваа година се запишаа во нашиот центар, се веќе од четири години и доколку би продолжиле до тоа 10-то ниво, многу побрзо би ја комплетирале целосно програмата“, вели Христина Кузманоска – тренер инструктор во БОБ.
 
Станува збор за  процес во кој тренерите ги насочуваат децата и голем удел имаат родителите кои им помагаат,а од големо значење е тоа колку децата вежбаат дома во текот на денот, а придобивките можат неограничено да ги користат.