Skip to main content

„5К надеж” за подигање на свеста за потребата од рана детекција на рак на дојка

Во недела „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.
 |  инфодеск  | 

Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени, велат организаторите.

Настанот ќе започне во 10 часот на мостот кај Езерската полиција.