Утре во Охрид ќе се одржи 6. Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“
Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а свеченото отворање е во 13:00 часот.

Утре во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
На натпреварите ќе учествуваат над 300 натпреварувачи од 9 земји, а ќе се натпреваруваат во две дисциплини, форми и борби.
Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а свеченото отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен. Со овој турнир ќе биде заокружен пролетниот дел од натпреварувачка сезона.




