Skip to main content

Официјално соопштение на свр охрид

63-годишен охриѓанец е починатото лице кај Горица

Официјално соопштение на СВР Охрид за починатото лице кај комплексот „Горица“. Станува збор за 63-годишен охриѓанец.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

На 04.05.2022 година во 07:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро кај комплексот „Горица” било забележано едно повредено лице.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н. (63) од Охрид, кој паднал и починал. Смрт без траги на насилство констатирала екипа на Итната медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.