Skip to main content

65 години Стопанска Банка

Стопанска Банка денес го прослави својот 65 ти роденден.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Денешниот датум поврза многу податоци за оваа бројка. За се тоа сублимирано, хронолошки и по значајност кажа првиот човек на филијалата на Стопанска Банка во Струга Оливера Верушеска. Да се биде столб на долгогодишно традиционално работење претставува голема и сериозна обврска потенцираше Верушеска.

Стопанска БанкаБанката отсекогаш претставувала значаен финансидки столб од стопанството и туризмот рече Верушеска. Додаде, дека граѓаните секогаш мора да ја добијат поткрепата и мора да бидат задоволни од аспект на банкарските производни услуги.


Новина во банкарското штедење е детското штедење „Пчелка“. Верушеска рече дека децата со овој начин на штедење се привилегирани  како никогаш досега.

Забава по повод 65 годишнината во Стопанска банка Струга покрај роденденски, имаше и новогодишен дух. Во посета пристигнаа двата славни ликови Дедо Мраз и неговата придржничка. Присутните деца добија новогодишни подароци а на останатите им беа поделеини скромни подароци со логото на банката.







{loadposition content9}