67 годишен охриѓанец го загуби животот по пад од мопед на улицата „15 Корпус“
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

На 17 септември 2026 година, околу 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишнo лице од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од здобиените повреди, лицето. починало на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.




