СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67 годишна скопјанка поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Таа, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, коментирала со недолична содржина со што, повикувала и промовирала насилство, велат од СВР Охрид.