ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид ја прославува 73-тата година од своето постоење.
Јавната здравствена установа е надалеку позната по врвната квалитетна услуга и современите методи. Во неа се лекуваат пациенти од целиот регион, но и од странство.
„Вработените во болницата можат со гордост да се осврнат на 73 годишниот развој на својата здравствена установа, од самите нејзини почетоци во прераснување на регионален ортопедско-трауматолошки центар афирмиран во земјата и во странство. Воедно, им се заблагодаруваме на сите вработени кои несебично допринеле и допринесуваат оваа установа во континуитет да бележи успеси и одржува чекор со современите светски трендови во нејзината област.Исто така, огромна благодарност до нашите пациенти за довербата која секојдневно ни ја укажуваат“, пишуваат од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид.