Skip to main content

Меѓународна конференција

75 години Институт за педагогија

Денеска во Охрид започна Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“.
 |  инфодеск  | 
Меѓународна конференција Институт за педагодија

Во организација на Институтот за педагогија при Филозовскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска започна Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“ која до 18-ти мај ќе се одржува во Охрид.

Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков упати големо признание до организаторите за целокупниот придонес, како најстара високообразовна институција за едукација на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава.

Одржувањето на овој академски собир токму во Охрид има голема симболика, затоа што ова е центар на словенската писменост и култура. Ова е духовно светилиште на Свети Климент и Свети Наум, дом на ловороносецот Григор Прличев и место кое низ својата долговековна историја израснал повеќе личности кои играле важна улога во афирмацијата на просветителството и оставиле белег на своето време – истакна Пецаков во дел од своето обраќање.

Меѓународна конференција Институт за педагодија

Тој ги покани високите гости на конференцијата да ги запознаат и да уживаат во уникатните туристичките потенцијали кои ги поседува Охрид.

Охрид е скапоцен бисер не само за нашата држава туку и за целиот свет, па затоа неговото природно и културно богатство е под закрила на УНЕСКО. Охрид е една жива разгледница и вистинска привилегија е можноста да се доживеат сите негови убавини. Затоа Ве поканувам, вашиот престој тука да го искористите за посета на впечатливите културни знаменитости и да уживате во сите природни убавини на нашиот град – потенцираше Пецаков.

Од страна на Институтот за педагогија на градоначалникот Пецаков му беше врачена плакета во знак на благодарност за поддршката на настанот.

Меѓународна конференција Институт за педагодија

Во рамки на Меѓународната конференијата ќе бидат презентирани 123 апстракти од страна на 202 автори, од вкупно 21 држава. Целта на конференцијата е афирмација и промоција на педагошката дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји.