Skip to main content

9-ти Мај Ден на победата над фашизмот

78 години од победата над фашизмот одбележани во Дебрца

Претставници на општината и на Сојузот на борци положија букети цвеќе на споменикот Кременатец и порачаа дека антифашизмот е цивилизациска вредност која мора да се негува.
 |  инфодеск  | 
Дебрца, Kremenatec

Положено свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ во Белчишта, Општина Дебрца. Градоначалникот Зоран Ногачески, претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца го одбележаа 9ти Мај Денот на победата над фашизмот.

„Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија, 1941-1945 година.“ – истакна Градоначалникот Ногачески.

Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија. 9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мора да се негуваат, беше истакнато на собирот на „Кременатец“ во Белчишта.