Skip to main content

Ден на АРМ

80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” – Ден на АРМ

По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот кој бил првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
 |  инфодеск  | 
Баталјон Мирче Ацев

Со пригодна свеченост и полагање цвеќе пред споменикот на Славеј Планина во Општина Дебрца денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата.

Свеченоста е во организација на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца.

Баталјонот „Мирче Ацев” е формиран на 18 август 1943 година и преставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите.

По одржувањето на преспанскиот состанок на кој била анализирана состојбата донесен бил заклучок дека се создадени услови за создавање регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона на 18 август 1943 година, на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, составен од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот партизански одред „Дамјан Груев”, од делови од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, од делови од Прилепскиот партизански одред „Ѓорче Петров” и од новопристигнати борци од Дебрца.

Баталјонот Мирче Ацев во ослободено Кичево

По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот – 18 август е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).