81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада
На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид беше одбележана 81 годишнината од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 годиншнината од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија. Формирањето на шестата народноослободителна бригада претставува круна на Народноослободителното движење во регионот, оттаму што означува формирање едно национално тело за борба против фашизмот, рече градоначалникот Кирил Пецаков во обраќањето пред присутните, поранешни армиски генерали во пензија, претседатели на воените ветерани и резервисти, Сојузот на борци од Охрид, претставници на СВР Охрид, како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата.

–Зборувајќи за овие два значајни датуми од 1944 и 1992 година уште еднаш потсетуваме дека без почит кон минатото, ниту има просперитет на сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот е насочен кон подобар и подостоинствен живот, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, модерна и европска Македонија, рече меѓудругото градоначалникот Пецаков.
За развојниот и борбениот пат на 6 пешадиска бригада, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.
– Ние ветераните, правиме се, минатото да не се забораави, низ Дебрца направивме повеќе спомен објекти а овде во касарната, направивме спомен соба во чест на нашата прославена Бригада, рече Вељјаноски.

Пред построените припадници и почитувучи на шестата бригада, се обрати и претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски. Делегација на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.
За посебен придонес во формирањето на бригадата, во 2023 година, доделени беа благодарници постхумно на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба на полковник во пензија, на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна.