Во 1944 во Охрид на денешен ден умрел Кирил Прличев, македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец, син на Григор Прличев.
Бил учесник во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Роден бил во Охрид, на 1 март 1875 година.
Студирал историја и филологија, а во текот на својот живот бил учител (учителствувал во градовите Воден, во Прилеп текот на 1901 година, по налог на Даме Груев, Цариброд, во Солун во Солунската машка гимназија, Софија и Стара Загора, бил училишен инспектор во градовите Воден и Солун, како и директор на пансионот за сираци во Софија), политичар, новинар, писател, преведувач.
Во 1923 година во Софија учествува во основањето на Македонскиот научен институт. Од 1941 година па се’ до смртта раководел со Охридскиот музеј.
Кирил Прличев се смета за еден од интелектуалците и активистите кои придонеле за развојот на националното движење и културниот живот на македонските простори во периодот на османлиското и поосманлиското време.