Советничката од Левица, Виолета Аврамоска, денес поднесе 82 амандмани до Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев во врска со Предлог одлуката со која се предвидува продажба на државно земјиште по цена од 70 денари за м2 во месноста „Мауцкер”.
Апелираме до Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид да се откаже од оваа погубна идеја, со која неповратно се оттуѓува општински имот и се отвора можност за коруптивни зделки, од кои повторно ќе профитираат неколку поединци, порачаа од охридскиот огранок на Левица.
Од охридскиот огранок на Левица денеска порачаа дека ќе ги искористат сите законски механизми со цел да се спречи продажбата на „Мауцкер”, за како што велат интересите на бизнис-елитата и профитерите.