Skip to main content

Средношколците во Охрид повеќе да се вклучат во процесот на одлучување во своите училиштa

Средношколците треба да бидат вклучени во донесувањето одлуки не  само за обични прашања туку и за посложени кои ги тангираат нив и нивните образовни центри. Ова беше предмет на дискусија на денешната дебата во организација на невладината организација СЕГА. Се залагаатоваа иницијатива да влезе во за измените на законот за високо образование.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Средношколците во Охрид повеќе да се вклучат во процесот на одлучување во своите училишта. Ова беше тема на денешната дебата во која покрај ученици учество зедоа и двајца директори на средни училишта во градов како и преставници на локалната самоуправа.

Разговаравме за тоа како може попродуктивно да бидат вклучени средношколците во одредени процеси на донесување одлуки и тоа не само за обични прашања туку и за посложени кои ги тангираат нив и нивните образовни центри, вели Весна Цветаноска, локален координатор на комисијата СЕГА за Охрид.

Ваквите дебати се дел од проектот Конвенција за заштита на правата на децата во РМ која нашата држава ја има усвоено. Се реализираат во соработка со невладината организација СЕГА, младински совет на Охрид и Младински образовен форум од Скопје, а е под покровителство на швајцарската фондација Песталоци.

Сето тоа ќе биде преточено во иницијатива за измена на законот за високо образование во која ќе биде вклучено и значењето на ученичко организирање. На ваков начин учениците ќе имаат можност заедно со своите наставници и директори на образовните институции да донесуваат одлуки кои во суштина најмногу ги засегаат нив, вели Цветаноска.

Ваквата иницијатива беше позитивно прифатена и од преставниците на Локалната и од присутните директори кои ветија дека максимално ќе се заложат за реализација на овој проект.

{loadposition content9}