Skip to main content

Претставници Здружението „Стар Лагадин” се сретнаа со в.д. градоначaлникот на Охрид Константин Георгиески

Претставници Здружението „Стар Лагадин” одржаа средба со в.д. градоначелникот на Охрид г-дин Константин Георгиески. Информираат дека се задоволни од приемот и разбирањето што градоначелникот го има кон урбанистичките проблеми во Лагадин генерирани од претходната централна и локална власт.

 |   | 

„Средбата претставуваше позитивно продолжение на средбата што ја имавме со Премиерот, г-динот Зоран Заев, и истата покажа дека имаме заеднички заложби во однос на решенијата за урбанистичкото дивеење на овој голем и значаен дел од охридското крајбрежје.
Разговаравме за решение кое ќе овозможи стопирање на спорното градење по основ на спорниот Општ акт за Лагадин до донесувањето на нов ДУП кој ќе биде изработен според високите стандарди и китериуми на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање кој треба да биде наскоро донесен, како и во склад со препораките на УНЕСКО.Убедени сме дека заеднички ќе допринесеме во заштитата на Охридското езеро и природната реткост на регионот и дека ќе бидеме пример и за останатите подрачја во зачувувањето на природата и паметното и еколошко живеење“ се вели во дописот испратен до медиумите.