Абас Цаноски со автентични записи од минатото
Абас Цаноски со автентични записи од минатото.
Носталгијата по едно минато време влијаела стружанецот Абас Цаноски да ги напише трите нови книги „Сите мои песни“, „Струшката чаршија, еснафите, песната“ и „Низ виорот на животот“. Пишувањето е неговиот живот, а желбата да ги оживее настаните од минатото за да не паднат во заборав, резултирала со новите изданија. Секоја од трите книги има свое значење и кажување за секое време, вели авторот.
„ Се задржав на настаните актуелни во тоа време кое одминало. Еден од настаните е свадбениот обичај кај муслиманите од Октиси кој денес е отпаднат , а бил актуелен во минатото. На пример бричењето на зетот е церемонијален чин кој сега ретко кој го прави. Свадбите се во хотел, се прават модерни западни свадби. Со кој пари се храниме тоа и го прикажуваме. Во времето кое го опишувам, иако сме оделе на печалба, западот не бил присутен како денес“.
Не пишувам шунд туку песни од кои се дознава за животот во минатото време , раскажува Цаноски. Напоменува дека во книгите ништо не додава туку сите настани се автентични записи, а при тоа набројува некои од настаните од автобиографската книга „ Низ виорот на животот“ од „Струшката чаршија, еснафите и песната“ или од „Сите мои песни“.
„За струшката чаршија како и во народната песна на Струга дуќан да имам, направив песна по мој терк. Песна во која се раскажува за времето кое изминало, а сведок на сите настани е Дрим кој раскажува за се она што поминало, а денес го нема“, раскажува Цаноски.
Абас Цаноски е автор на уште на 5 други книги во кои доминираат настаните од минатото. Автор е на песната „Кога тргнав Цвето во туѓина“ која е обнародена и испена покрај на македонски јазик и на бугарски и влашки.
{loadposition content9}