Skip to main content

АД „Галеб“ наскоро ќе вози на уште две меѓународни линии

АД „Галеб“ наскоро ќе вози на уште две  меѓународни линии.

 |  Валентина Неловска  | 
galeb

GalebВо текот на летната сезона автотранспортното претпријатие „Галеб“ воведува неколку меѓународни линии покрај  стандардните. Патниците од  Охрид ќе може да патуваат два пати неделно со автобус до Белград и  Нови Сад, кон црногорското приморје од Улцињ па се до Херцег Нови. Исто така Галеб два пати неделно вози патници за Германија, а на таа линија може да се превезуваат патници и до  Марибор, Словенија и Салцбург, Австрија. Во прекин е линијата Охрид – Софија заради нерентабилност, но во процедура се  добивање на две дозволи за воспоставување на меѓународни линии. Едната е за  албанското приморје со акцент на Валона, а другата за Италија информира директорот на „Галеб“, Димитар Василески.

  „Наскоро уште во септември се надевам дека ќе ја најавиме линијата за Италија, поточо  потегот меѓу градовите Венеција и Торино, и тоа  Верона, Винченца, Бергамо и Бреша, ги имаме тие градови во линијата и ќе функционира 2 пати неделно“, кажува Василевски.


GalebВо моментов авто превозниците во земјава меѓу кои и АД „Галеб“ се соочуваат загрозени од конкуренција од авио компанијата Визер. Летовите на нискобуџетната странска компанија се субвенционирани од македонската влада, а домашните автопревозници на патници не се, укажува Василевски. Појаснува дека цената на билетите на авионскиот  и автобускиот превоз се или изедначени или авионските билети се поефтини.


„ Визер е странска фирма, а ние сме македонски превозници и нема таква логика. Не сме против, отворена е линијатат Охрид – Лондон каде патниците се 90 проценти странци и не ни смета. Повеќе ни пречи каде што линиите се во македонската диајспора. Тука не држи место дека се носат странци за поттикнување на туризмот,“укажаува Василевски.

Како автопревзоници не сме против да се  субвенционираат летови каде што нашата дијаспора е малубројна или каде се пикираат странски туристи. Во моментов ни преостанува само да се борима на пазарот за превоз на патници со подбра услуга и цени, подвлекува директорот на АД Галеб, Димитар Василевски.