Skip to main content

Судство

Админситрацијата протестира, рочиштата се одлагаат

Таков случај беше и денешното одлагање на судискот процес за Кристијан Пендиков, кој предизвика и меѓународен интерес.
 |  Голабовски Крсте  | 
протест

Протестите на судската администрација низ земјава кои траат, предизвикаа одлагање на судски рочишта. Таков случај беше и денешното одлагање на судискот процес за Кристијан Пендиков, кој предизвика и меѓународен интерес. Од администрацијата не отстапуваат, ќе се протестира од 09-11 часот.

„Не, ние остануваме на спроведување на нашето барање. Нашиот протест трае од 9-11 часот и ние го спорведуваме тоа“, – дециден е Анѓелко Попески – претседател на синдикалната организација при УПОС.

Меѓу барањата на синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет. На протестот беа побарани правата за достоинствена плата, поради, како што беше кажано, високиот степен на одговорност што го имаат службениците во судовите.

„Ова за што денеска се одложи расправата, е поради незадоволството на судската администрација,. Во текот на наредниот четврток ќе одат и на генерален штрајк, од цела Македонија вработените во судството ќе протестираат пред Министерството за правда во Скопје“, – објасни Димитрија Цобовски- Адвокат – бранител на обвинетиот во случајот Пендиков.

За време на штрајкот, предвидено е судството да работи само на случаи за странци, за притворски предмети, како и за времена мерка во Граѓанскиот суд, а нема да се работи на ниту еден друг предмет. Штрајкот на судската администрација, за следниот месец го одложи рочишето за овој судси процес, на кое требаше да се појави уште еден обвинет, истакна Стефан Камишевски, Адвокат на Пендиков.

„Државните органи и Обвинителството добро си ја завршија работата. Лицето е препознаено, поднесено е соодветно обвинение против него и очекуваме постапката која што е покрената и за тоа лице да биде споена и со оваа постапка и понатаму да продолжи да се води како единствена постапка и за двете обвинети лица“, – објасни Стефан Камишевски – Адвокат на Пендиков.

Адвокатот Камишевски истакна дека Пендиков е присутен и ќе продолжи да биде присутен на рочиштата кои ќе следат. Се чувствува подобро, но повредите не се целосно заздравени, кажа Камишевски. Новото судско рочиште за овој судски процес е закажано за 26 ти окотмври.