Адвокатите-заштитници на работничките права
Врвни експерти и синдикални лидери од Франција, како дел од проект, ќе ги обучуваат нашите адвокати во областа на работните спорови и административното право.
Македонија и Франција ја потпишаа ревидираната европска социјална повелба. Овој значаен документ кој ги регулира работничките права, како и нивната заштита, беше потпишан од Адвокатската комора на Република Македонија и Францускиот амбасадор во Македонија, Жан-Клод Шлумберже. Амбасадорот задоволен што конечно се реализира и конкретна активност од договорот, кој со адвокатската комора на Македонија го потпишале во месец Февруари.
„Веќе знаете дека Франција отсекогаш ја поддржува европската перспектива на Македонија и ја охрабрува да ги спроведе сите неопходни реформи, а знаете дека има голем број на реформи, а посебен дел што се однесува на судските реформи. Затоа имаме веќе долгогодишна соработка којашто е воспоставена со академијата за судии и обвинители, а соработка којашто е наменета посебно за обука на судиите, но исто така и за зголемувањето на капацитетот на судовите.“-вели францускиот амбасадор во Македонија, Жан-Клод Шлумберже.
Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Ненад Јанаќиевиќ, смета дека оваа повелба, заедно со новите законски решенија од кривичната област, ќе ја поттикне улогата на адвокатите како заштитници на работничките права.
„Имаме 45 адвокати од цела Македонија и го почнуваме тој серијал од тригодишна соработка со француската амбасада. Денеска почнуваме со предмети од областа на работните спорови. Улогата на адвокатот во конфликтите е како да се разреши конфликтот помеѓу работодавецот и работникот, кои се правата, да им се укажат правата на работниците, да ги видиме француските искуства во оваа сфера и сигурно низ овие обуки ќе ја потенцираме уште повеќе улогата, и на некој начин ќе ги приближиме граѓаните кон адвокатурата, како единствени нивни заштитници.“-рече претседателот на адвокатската комора на Македонија, Ненад Јанќиевиќ.
Адвокатот Светозар Ристевски вели дека оваа обука од областа на административното и работничкото право е доста значајна и дека навистина постои реална потреба за неа во македонското судство.
„Ревидираната европска социјална повелба има како механизам мониторинг систем и за жал во Македонија извонредни решенија кои што ги третираат работните односи не беа досега третирани на соодветен начин во законски пропишана форма.“-изјави адвокатот Светозар Ристевски.
Инаку, на оваа обука, своите познавања од гореспоменатите области, со македонските адвокати, ги споделија голем број на експерти по трудово право од Франција, професори од универзитетот во Сорбона, како и синдикални лидери од Франција.
{loadposition content9}