Skip to main content

Аерозагадување од пожарите во Охридскиот регион

Силно аерозагадување предизвикано од пожарите во Охридскиот регион. Деновиве мерните станици покажуваат забалежително зголемено ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Шумските пожари шират многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето. Според еколозите тие се голема природна катастрофа, а ќе има далекусежни штетни последици врз животната средина.
 |  инфодеск  | 

Чадот од пожарите во Охридскиот регион се чувствува и во градот, предизвикано е големо аерозагадување. Деновиве мерните станици покажуваат забалежително зголемено ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Чадот кој се гледа и чувствува на километри далечина е исклучително штетен за белите дробови, особено за децата, повозрасните и оние со астма, бронхитис и хронични срцеви заболувања.

Шумските пожари шират многу штетни емисии, јаглерод моноксид азотни оксиди и многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето.

-„Тие пожари предизвикаа енормно загадување на воздухот како локално така и во поширокиот регион на Охрид. Чадот од пожарите се поврзува со емисија на ПМ 10, но и ПМ 2,5 честици. Тие се најситните честички кои брзо навлегуваат во човечкиот организам и имаат големи здравствени псоледици”, изјави Зороски еколог.

Изгоре огромна маса на дабова и борова шума. Шумските пожари во Охридскиот регион според еколозите се голема природна катастрофа кои ќе имаат далекусежни штетни последици врз животната средина.

„ Индирекните штети се во смисла на нарушување на еколошките услови, доведуваат до појава на водена и ветрова ерозија на шумското тло. А недостатокот на покривната функција може да доведе до зголемен интензитет на појави на ерозија и создавање на поројни водотеци. Штетата материјална е огромна, вели Зороски.

Состојбата со пожарите денес во охридскиот регион е стабилна. Кај селата Вапила и Расино состојбата е ставена под контрола, над Брежани се уште делуваат екипите од копно,а од воздух и денес се гаси и пожарот на Илинска планина.

Утрово е активен и пожарот на Галичица,од албанска страна на самата граница со земјава, таму се делува и од копно и од воздух.

Новинар Соња Рилковска