Skip to main content

Завршени градежните активности за асфалтирање во Лакочереј

Со новото асфалтирање, жителите добиваат побезбеден сообраќај, полесен пристап и подобри услови за живот.
 |  инфодеск  | 

Завршија градежните активности за асфалтирање во селото Лакочереј, информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков преку објава на социјалните мрежи.

Како што посочи Пецаков, инвестицијата е дел од заложбите на локалната самоуправа за рамномерен развој на општината и подобрување на руралната инфраструктура. Со новото асфалтирање, жителите добиваат побезбеден сообраќај, полесен пристап и подобри услови за живот.

Градоначалникот потсети дека претходно на оваа локација била поставена и примарна канализациона мрежа, со што се создадени услови за целосно инфраструктурно уредување на просторот.

„Продолжуваме со силно темпо на работа низ целата општина Охрид“, наведува Пецаков во објавата.