Skip to main content

Нови ветришта ќе дувната во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Нови ветришта ќе дувната во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Новиот директор Кристијан Џамбазоски најави интензивна работа, многу заеднички проекти со преставниците од туристичкото стопанство но и од научната фела.

 |  Јаковлева Лионела  | 
кристијан џамбазоски
kristijan dzambazoski

 

Кристијан Џамбазоски, новиот директор на Агенцијата за и поддршка и промоција на туризмот најави нов начин на работа на ова тело. Тој кажа дека ќе се применат старите начини на промовирање на туристичките вредности на државава како што се саемите, но ќе се изнајдат и нови форми. Целта е да се направи спој помеѓу класичното и модерното. Џамбазовски вели дека моменталната состојба во агенцијата не е сјајна. Ќе треба време и заеднички ангажман за да се надминат проблемите кои се јавија посебно во изминатите пет месеци кога практично немеше директор на агенцијата бидејќи претходниот директор  Јордан Трајков поднесе оставка. ohrid

Mора да се обноват раскинатите врски со туристичкото стопанство и со научната фела, а и да се работи на повторно стекнување на довербата кај странските клиенти, изјави Кристијан Џамбазоски-директорот на Агенција за подршка и промоција на туризмот.

Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески вели дека туристичката фела во регионов со нетрпение очекувала да се рестартира Агенцијата за подршка и промоција на туризмот.


Очекуваме позитивни промени бидејќи  досегашното ниво на соработка со екс директорт Трајков беше многу ниско па порадио тоа имаше и слаба реалицазија на плановите, лоши ефекти и слаб бенефит во туризмот, изјави Дончо Таневски-претседателот на ХОТАМ

Танески потенцира дека првите резултати од работата на агенцијата со Џамбазоски на нејзино чело ќе се видат наредната есен. Тој за компарација се послужи со една народна мудрост дека јагнињата се бројат напролет.

{loadposition content9}