Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавува втор дел од кампањата „Дома си е дома“
Ветуваат промоции и на странските пазари. Во туристичката сезона 2021 година се очекува сепак поголем процент домашни гости да летуваат на охридското крајбрежје.
Од 15 март ќе стартува промотивна кампања за Лето 2021. Според стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се планира отворањето на Македонскиот туристички сектор во три дела, информира Љупчо Јанески, директорoт на Агенцијата. Продолжува вториот дел од кампањата „Дома си е дома“,а ќе има промоции во повеќе земји, каде што имаме можност да патуваме и да ни дојдат гости, вели Јанески. Тоа се земјите од регионот и традиционалните пазари како што се Полска и Турција, а дополнително ќе има туристичка кампања и во земјите со кои ќе се воспоставуваат авионски летови.
„Приоритет е во 2021 година да создаде услови за зелени зони со Холандија , таа е првата туристичка дестинација која е многу значајна за анса, а и поголемите тур оператори кои ќе се обидеме да ги донесеме под одредени услови во 2021 во број кој ќе е мотивирачки за нас како туристичка дестинација и поголем број на туристи на нашите дестинации во 2021 година“.
Хотелиерите работаат со големи загуби, како резулата на пандемијата и минатото лето и оваа зима. Се надеваат ова лето подобра туристичка сезона. Поголем девизен прилив се очекува од странските гости, но голема е неизвесноста при продажбата на туристичките аранжмани на странските пазари со оглед на глобалниот тек на пандемијата.
„Во ваква состојба не е сигурно како ќе оди продажбата на аранжманите, ние работиме според протоколите и препораките и се надеваме дека резултатите ќе дојдат. Но, сепак не треба да се откажеме од домашните туристи.“
Крсте Блажески, претседателот на Хотам, вели дека хотелиерите бараат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да направи специјална видео кампања за регионот и странските пазари за да се презентира дека сме безбедна туристичка дестинација.
„Ќе бараме да биде направен еден протокол и еден call centar ако случајно дојде гостин и добие симптоми каде да биде упатен и згрижен. Тука се и брзите тестови кои ќе треба да се добијат од државата, за гостинот да е сигурен, да може да се спроведе безбедно низ целиот процес и да се врати назад во својата држава“.
Во летната сезона 2021, на домашното крајбрежје, се очекува да летуваат 65 проценти домашни туристи, а 35 проценти гости од регионот и странство. Оптимистички се очекувањата да се надмине и бројот од 2 милиони ноќевања од минатата година и да има помал пад во девизниот прилив од туристичката индустрија во земјава.