Агенцијата за вработување со поддршка нa ЕУ претстави твининг пилот проект во Охрид
Агенцијата за вработување со поддршка нa ЕУ претстави твининг пилот проект во Охрид.
Во охридската подрачна Агенција за вработување со одржа презентација со која Европската унија дава покрај финансиска и консултанска помош. Денес беа споделени искуства од твининг проект за развивање на административниот капцитет на земјата, истакна постојаниот твининг советник Аксел Биргер.
„Проектот се состои од најразлични делови.Еден од тие делови е зајакнувањето на социјалниот дијалог кој постои во државата, а за тоа стана збор на денешниот настан. Поканети се социјалните партнери со кои ќе се дискутира за социјалниот дијалог и ќе се претстават 4 пилот проекти кои твининг проектите ги поддржа и беа спроведени во државата,“истакна Биргер.
Твининг проектот поддржа 4 проекти во четири региони во Скопје, Битола, Тетово и Куманово. Во рамките на тие проекти без изготвени проекти беа изготвени пилот мерки на апазропт на труд кои беа изработени и развивани во регионите. Мерките беа изработени според можностите кои ги има пазарот на трудот во секој регион одделно, напомена Биргер.
„ Всушност за овие проекти станува збор за поттикнување и поддршка на диајлогот меѓу различни фактори во регионите со директно вклучување на работодавачите и работниците од регионот. Проектите завршија многу успешно“, потенцира Аксел.
Аксел Биргер , постојаниот твининг советник, очекува унапредување на соработката и социјалниот дијалог и во овој регион. Тоа се очекува по споделување на искуствата за добра соработка и дијалог од 4-те региони кои се презентираа и во Охрид.