Skip to main content

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани.

 |  Валентина Неловска  | 
куќи
куќи

Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.
станови
„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти кои ќе вработуваат луѓе и ќе донесат туристи. Сега се случува во еден станбен комплекс со 100-тина станови да живеат 2-3 семејства па тешко e да се одржуваат влезовите, осветлувањето  или другите заеднички потреби на станарите.“   

Во агенциите најчесто се барани помали станови до 50 м квадратни, а за купување куќи интересот станува се помал. Станови купуваат македонски иселеници, скопјани, македонци од внатрешноста, а најмалку нови станови купуваат охриѓани, кажува Трајчески. Најпримамливи локации се оние со поглед на езерото или до езеро, а тоа и понатака е потегот од Билјaнини извори до Лагадин. Иако има најпривлечни парцели овој потег сеуште не е урбанизиран, напоменува Трајчески. Интерес за изградба на луксузни куќи има и кај странци кои немаат македонско потекло. Потребно е поскоро да се создадат услови за вакви градби.

куќи„ Досега имаме продадено куќи на странци како што се  американци, италијанци или австралијанци. Бројот не е голем но ако има забрзана урбанизација и локации со средена инфраструктура и дозволи за градба ќе има уште поголем интерес. Останува Локалната самоуправа да го реши најбрзо овој недостаток и да донесе серија на урбанистички планови за потегот од Билјaнини извори па се до Пештани.“
 
Становите  во зависност од локацијата, катноста  и квалитетотот се продаваат по цена од 620 до 1200 евра за  метар квадратен. Инаку, становите за продажба во Охрид генерално се со добар квалитет, кажува Трајчески.

{loadposition content9}