АХВ ги чека резултатите од контролните испитувања на водата од четири чешми во Охрид, дотогаш забраната на сила
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги чека резултатите од лабораториските тестирања на мострите вода за пиење од 4 артериски чешми во Охрид (од кои една во дворот на ОУ Глигор Прличев), за кои на 17 март годинава, била донесена забрана за употреба поради бактериолошка загаденост.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор на 16ти март, констатирана е микробиолошка контаминација на водата од артерските чешми на пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.
Според информациите од Центарот за јавно здравје Охрид, на 10-ти март се земени мостри вода а резултатите кои биле готови на 13-ти март покажале микробиолошко загадување. Резултатите биле проследени до АХВ кои изрекле забрана за користење на водата.
-По изречената забрана, од Центарот за јавно здравје од Охрид земени беа нови мостри вода од чешмите, чии резултати беа негативни, односно водата од чешмите во тој период беше безбедна за пиење, велат од АХВ во одговор за ТВМ.
Од ЦЈЗ Охрид прецизираат дека резултатите од контролните примероци земени на 17ти март биле готови денес истите биле негативни на загадување, односно водата на 17-ти била добра за пиење. Оттаму додаваат дека во текот на утрешниот ден ќе бидат земени мостри за уште едни контролни испитувања за потврдување на безбедноста, од кои резултатите ќе бидат готови за три дена по што АХВ според процедурата може да побара уште едно контролно испитување за да донесе одлука за укинување на забраната.
Инаку, Инаку, како што денеска информираа од Општина Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор констатира микробиолошка контаминација со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.